
ДУИ денес брани проект за кој и нинвните директори во МЕПСО биле на став дека треба да се раскине. Некој во ДУИ денес има длабок интерес да штити проект кој за 5 години имал реализација од само 4%, а ја чинел државата огромни суми на пари, се вели во соопштението од ВРЕДИ.
Да потсетиме: иницијативата за раскинување на договорот со Energoinvest не е од денес, ниту е нечија лична одлука. Таа потекнува од претходниот менаџмент на МЕПСО, во време кога директор на правниот сектор бил Билен Салији, поранешен министер за правда од редовите на ДУИ. Значи, директор од ДУИ ја започнал постапката за раскинување, затоа што и самите увиделе дека договорот е нефункционален и ги чини граѓаните многу скапо.
Истата позиција ја потврдува и поранешниот генерален директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани, исто така кадар на ДУИ, кој јавно изјави дека би го раскинал договорот. Неговите зборови се јасни: немало активности на терен, немало основ за зголемување на цената, договорот бил фиксен, а компанијата практично не функционирала. Ова не се ставови на ВЛЕН, ова се ставови на луѓе од ДУИ.
Фактите се непобитни. Проектот имал реализација од едвај 4% во период од четири години. Договорот бил истечен. Со години немало градежни активности, туку само обиди за дополнителни финансиски барања спротивни на договорот. Во исто време, државата плаќала камати за кредит уште од 2015 година, додека проектот стоел.
Одлуката за раскинување не е донесена ниту импровизирано, ниту политички. Таа е резултат на детална форензика и длабока анализа, изработена во рамки на проект поддржан од United States Agency for International Development (УСАИД), со јасни насоки за постапување. Секој чекор понатаму е спроведен во согласност со правилата на European Bank for Reconstruction and Development (ЕБРД), под чиј надзор се реализира проектот.
И покрај ова, ДУИ денес се обидува да создаде паника со бројки и конструкции. Прашањето што ДУИ не го поставува е најважното:
Зошто во време на ДУИ не се градел овој проект за поврзување со Албанија?
Кој имал интерес проектот да стои, а да се испумпуваат пари? Нефи од Охрид? Врвот на ДУИ?
Кој профитирал додека се плаќале камати и се барале анекси? Истите тие?
Одговорот е јасен.
ДУИ денес не ги брани граѓаните, ДУИ брани систем кој дозволувал проект со години да стои во место додека се создаваат финансиски трошоци.
Затоа нивната „загриженост“ е всушност паника. Паника затоа што системот се менува. Паника затоа што проектот конечно се придвижува. Паника затоа што вистината излегува на виделина а испумнпани пари од државни проекти повеќе не доаѓаат на нивните приватни сметки.
ДУИ може да поставува прашања колку сака. Но одговорите водат директно до нив.
Тие не градеа ниту еден проект од интерес на Албанците. Тие блокираа, трошеа и прибираа пари за себе.
ВЛЕН гради и ќе продолжи да гради.

Македонски


