
100 Години од Раѓањето на Џери Луис2-5 мај 2026
АРИЗОНА ДРИМ
Arizona Dream
Емир Кустурица / Франција / САД / 1993 / 142 мин
Ескимски ловец патува со санка влечена од кучиња кон неговиот дом со свежо уловена риба. Рибата е своевиден симбол на целиот филм, во физички и имагинарен облик. Во меѓувреме, Аксел (игран од Џони Деп), млад Њујорчанец опседнат со рибите – ги проучува нивните навики, а најмногу сака да дознае кога и што сонуваат тие – добива порака дека треба да оди на венчавката на неговиот вујко Лио (Џери Луис) во Аризона. Поканата е дел од намерата на вујкото да го воведе Аксел во семејниот бизнис – продажба на автомобили кадилаци. Аксел во Аризона среќава две чудни жени, весели, но невротични, постојано во семејни расправии. Аксел се впушта во врска со едната од нив, додека другата, богата, но депресивна, им свири хармоника на нејзините миленици – желките…
АРИЗОНА ДРИМ (или СОНИШТА ВО АРИЗОНА) е обидот на Кустурица да сними американски филм со неговиот „поетски реализам“, кој го одбележа првиот период од неговата кариера. АРИЗОНА ДРИМ ја освои наградата „Сребрена мечка“ на Берлинале и Специјалната награда на жирито, а меѓу останатите успеси на филмот е и „Златната камера 300“ за кинематограферот Вилко Филач на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Музиката во филмот е на Горан Бреговиќ и тој со неа направи голем пробив на интернационалната сцена. Вокалите и стиховите во неколку песни се на панк-рок иконата Иги Поп (Iggy Pop).
Проекции
Сабота, 2 мај20:00
Оригинален јазик
150 ден
Улоги
Џони Деп, Џери Луис, Феј Данавеј, Лили Тејлор, Паулина Поришкова, Винсент Гало
РежисерЕмир Кустурица
Година1993
ЗемјаФранција / САД
Времетраење142 мин
Возрасна категорија14+
ЈазикEnglish
Формат35mm

Македонски


