Skip to main content

Возач на турски автобус приложил фалсификувана меѓународна зелена карта, граничната полиција го приведе

На 01.05.2026 во 21:10 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.И.Г.(57) од Р.Турција, затоа што при извршена гранична контрола на автобус со турски национални ознаки, кое тој го управувал, било констатирано дека на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта.

Тој е предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

Поврзани вести