
Бројот на заразени со менингитис во Кент, на југоистокот од Англија, се искачи на 15, соопшти Британската агенција за здравствена безбедност.
Агенцијата наведува дека сите пациенти се хоспитализирани и дека тестирањето го потврдило сојот MenB во четири случаи, објави „Скај њуз“.
Бројот на заразени лица е валиден од вчера во 17 часот.
Агенцијата претходно пријави 13 случаи, вклучувајќи двајца млади луѓе кои починаа.
Британскиот министер за здравство Вес Стритинг им рече на пратениците во Долниот дом дека ситуацијата е „невидено ширење на болеста“, дека се развива брзо и нагласи дека неговите мисли се со семејствата и пријателите на починатите.

Македонски

