На 14.12.2024 во 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Петар Ацев“ на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во патничко возило „цитроен ц1“ со скопски регистарсмки ознаки, сопственост на В.С. од Скопје.
Oд пожарот било зафатено и патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Д.(45) од Скопје. Повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид бил извршен.