Skip to main content

Верстапен прогласен за возач на годината

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен е прогласен за возач на годината во изборот на „Autosport Awards“ за сезоната 2024.

Вкупно ова е четврта награда во оваа категорија за пилотот на Ред Бул.

Ландо Норис е прогласен за најдобар британски возач на годината. Ова е прва победа во оваа категорија за возачот на Мекларен.

Наградата за најдобар настап во 2024 година ја доби Верстапен. Победничката изведба на возачот на Ред Бул на трката за Големата награда на Сао Паоло возена во услови на дожд беше признаена како најдобра.

„McLaren MCL38“ е прогласен за најдобар тркачки автомобил на годината. Ландо Норис и Оскар Пјастри, возејќи ги овие автомобили, му ја донесоа на Мекларен првата победа во шампионатот за конструктори од 1998 година минатата сезона.

Поврзани вести