
РК Алкалоид денеска повторно се огласи по синоќешниот циркуз кој во салата „Борис Трајковски“ го приреди грчкиот противник АЕК, откако не излезе на теренот да го одигра финалето во Европскиот Куп на ЕХФ.
Алкалоид уште еднаш им се заблагодарува на сите присутни што им дале безрезервна поддршка и што во голем број биле дошле во СЦ „Борис Трајковски“.
Од клубот изразуваат жалење што натпреварот не се одигра затоа што гостинскиот состав не сакаше да излезе на теренот и спортски да се бори за пехарот од ова натпреварување, но на навивачите ќе им ги вратат парите за купените билети.
Вашите билети купени онлајн ќе бидат рефундирани во период од 15 работни дена. Средствата ќе ги добиете директно на вашата сметка преку која сте ги купиле билетите. Билетите што се купени од продажно место ќе можат да бидат рефундирани од местото на купување со приложување на соодветната фискална сметка и на билетот, информира клубот. Уште еднаш ви се заблагодаруваме за континуираната поддршка и трпение. Се надеваме дека заедно ќе славиме нови успеси во иднина“, порачаа од РК Алкалоид.