Skip to main content

Ракометни ѕвезди од Европа на 29 октомври доаѓаат во Скопје

 Големиот ракометен спектакл „Легендите на сцена“ кој на 29 октомври ќе се одржи во Скопје, а е дел од прославата на 20-годишнината на Спортско радио 90,3 ФМ, ќе биде несекојдневна можност на едно место да се видат големите македонските и интернационални ракометни ѕвезди.

Денес поканата за настап ја прифатија големите ѕвезди на хрватскиот и европски ракомет, Златко Хорват и Мануел Штрлек. 

Претходно своето учество го потврдија: Иван Чупиќ, Ренато Вугринец, Данил Шишкарев, Арпад Штербик, Тимур Дибиров, Жоао Кањелас, Игор Вори и многу други.

Овој ракометен спектакл ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ на 29 октомври со почеток во 19 часот. Билетите за настанот се пуштени во продажба онлајн преку ticketx.com.mk.и на билетарата на СЦ Јане Сандански

Поврзани вести