Рeпрезентацијата на Португалија славеше победа над Шпанија од 35:29 и така обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство, додека за „Фуријата“ ќе нема место во нокаут фазата.
Португалија натпреварот го реши во своја корист со одличната игра во второто полувреме откако претходно во првиот дел имаа негатива од 16:15.
Во истиот термин се играше и натпреварот помеѓу Аргентина и Зеленортски Острови кој заврши со победа од 30:26 на Аргентинците.