
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа третиот пораз сезонава во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва загубија на гостувањето во Полска од Висла Плок со убедливи 36-25 во рамки на четвртото коло во групата Б.
Македонскиот шампион одржуваше резултатска неизвесност само во воведните 20 минути, кога Висла Плоцк при резултат 11-10 влезе во серија од 3-0 и на полувреме замина со предност од 18-14.
Полскиот домаќин продолжи да доминира на паркетот во второто полувреме, постепено зголемувајќи ја предноста која во 56. минута достигна највисоки плус 12 (34-22).
Манасков со седум голови беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер, а голманот Митревски запиша девет одбрани.
Со вечерашниот пораз, македонскиот првак остана на претпоследното место во групата со два бода.
Во следното коло, Еурофарм Пелистер на 15 октомври во Битола ја пречекува Барселона