Skip to main content

Наместо СЕХА лига регионален турнир во Скопје

 Во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), од 28 до 30 август, спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Ракометен регионален турнир – Спортско обединување на регионот. 

Турнирот се одржува со поддршка на Министерството за спорт, а е во организација на РФМ.

-Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Ракометен регионален турнир. Нашата цел е преку спортот да изградиме мостови меѓу земјите од регионот, да создадеме нови можности за младите ракометари и да им понудиме на љубителите на спортот врвни натпревари. Веруваме дека оваа лига ќе прерасне во традиција и ќе биде двигател за понатамошен развој на ракометот во регионот, соопшти РФМ.

На овој турнир во машка конкуренција ќе настапат РК Еурофарм Пелистер, РК Вардар 1961, РК Војводина од Нови Сад и РК Ловќен од Цетиње.