
Секогаш кога била претходната влада, никогаш сме немале просперитет, ниту во спортот ниту пак, како држава“, велат вакедонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои се еден од најдобрите судиски парови во светскиот ракомет, во подкастот „Проверитас“.
Начевски и Николов, во подкастот додаваат дека често биле изложувани на притисоци од тогашната власт, како и на масовни напади и дискредитации на социјалните мрежи од ботови и профили блиски до власта.
Во тоа време имавме чувство дека треба да се срамиме што сме Македонци“, велат Начевски и Николов.

Македонски






