
Македонската машка ракометна репрезентација е на еден чекор до пласман на Светското првенство (СП) во 2027 година откако во првиот бараж-меч во гости ја декласираа Словачка со убедливи 31-24.
Победникот беше јасен уште по првите 30 минути кои нашите ракометари ги завршија со пет голови предност (18-13).
Најефикасни во победничкиот состав беа Филип Кузмановски со десет и Милан Лазаревски со седум голови.
Вториот натпревар од бараж-пресметката ќе се игра на 17 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Мундијалот ќе се игра во Германија во јануари следната година.

Македонски


