
Дури тројца од четворицата најдобро рангирани тенисери на АТП 500 турнирот во Акапулко беа принудени да се повлечат или да ги предадат натпреварите од второто коло поради дигестивни проблеми. Норвежанецот Каспер Руд и Американецот Томи Пол воопшто не излегоа на теренот, додека Данецот Холгер Руне го предаде дуелот по три гема.
Организаторите на турнирот сè уште не се огласија со објаснување како дошло до оваа епидемија меѓу играчите.
„Се надевав дека ќе ја победам оваа стомачна болест која се појави вчера, објави Руд на Инстаграм, додавајќи дека до последен момент се обидувал се што може за да игра против 19-годишниот Мексиканец Родриго Пачеко Мендез (АТП – 355.), кој на тој начин првпат во кариерата стигна до четвртфиналето на АТП турнејата.
Томи Пол не успеа да игра и против сонародникот Маркос Жирон, кој во четвртфиналето ќе се соочи со Канаѓанецот Денис Шаповалов, 32-ри на АТП-листата и втор најдобро рангиран тенисер од преостанатите осум на турнирот.
Четвртиот носител Холгер Руне одлучи да излезе на теренот, но му го предаде мечот на Американецот Брендон Накашима откако ги загуби првите три гема.
„Лут сум и тажен во исто време. Добив труење со храна и не можев да играм денеска. Дефинитивно не го сакав овој крај“, објави Руне на социјалната платформа