
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка сака да игра на најголемите терени до крајот на кариерата.
Белорусинката вчера ја победи Швајцарката Жил Теикман на теренот „Сузан Ленглен“ и се пласираше во третото коло на Ролан Гарос.
Со тоа што е број 1 во светот Сабаленка има привилегија да игра на најдобрите терени.
-Ми се допаѓа да играм на најубавите терени за време на Грен слем турнирите. Искрено, не се сеќавам кога сум играла на лоши терени, а ниту сакам да се присетувам. Навистина сакам да играм на најголемите арени. Излегувам на теренот, слушам луѓе како даваат овации, навиваат, гледам транспаренти, тоа е неверојатно чувство. Навистина уживам и искрено се надевам дека до крајот на кариерата ќе играм само на најголемите терени, изјави Сабаленка на прес-конференција по третото коло на „Ролан Гарос“.
Во 1/16финалето, Сабаленка ќе се соочи со Даниловиќ од Србија