Skip to main content

Публиката му свиреше на Ноле, тој побара да го почитуваат

ерманскиот тенисер Александар Зверев застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ откако навивачите во „Род Лејвер Арената“ го исвиркаа поради предавањето во полуфиналниот натпревар на Австралија Опен.

Веднаш по мечот, светскиот тенисер број два побара од сите на трибините да имаат многу поголема почит кон Србинот.

-Ве молам, никогаш не упатувајте свирежи на тенисер кој мораше да го напушти теренот поради предавање. Тоа не е се прави, особено не на Новак Ѓоковиќ. Тој е голем шампион, со големи болки освои титули на овој терен, играше повреден и тој заслужи повеќе почит. Знам дека купивте билети, сакате да гледате меч од пет сета, но тоа не е причина за такво однесување“, рече германскиот тенисер.

Александар Зверев во финалето на Австралија опен ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Јаник Синер и Бен Шелотни, а натпреварот за трофејот е закажан за в недела наутро во 9:30 часот

Поврзани вести