Skip to main content

Одбојкарите на Штип УГД поведоа во финалната серија за титулата против ГОК Борец

Екипата на Штип УГД како домаќин го совлада велешки ГОК Борец со максимални 3:0 во сетови (25:15, 25:22, 25:17) во воведниот натпревар од финалната серија за титулата во македонското машко одбојкарско првенство.

Задмард со 15 и Илиев со 13 поени го предводеа Штип УГД до победата пред своите навивачи во салата „Јордан Мијалков“, додека Оливера реализираше 14 поени во редовите на ГОК Борец.

Финалната серија по која ќе биде познат новиот одбојкарски првак се игра во три добиени натпревари, а вториот дуел е закажан за в понеделник во Велес со почеток во 20 часот.

Штип УГД во полуфиналната серија извојува две максимални победи над Работнички 71&22 и ќе се обиде да дојде до својата прва шампионска титула во третиот обид.

Одбојкарите на ГОК Борец, пак, по пауза од три години повторно играат за својот прв шампионски трофеј во клупската историја. 

Поврзани вести