Skip to main content

Миленкоски повика 24 одбојкари на подготовките за Европската лига

Селекторот на македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски денеска го објави поширокиот список одбојкари во пресрет на почетокот на подготовките за настапот во Европската лига.

На списокот се најдоа 24 одбојкари, меѓу кои Јован Милев, Митко Спасов и Филип Јованов добија дебитантски повика.

Почетокот на подготовките е закажан за 6 мај во Крушево.

Покрај настапот во Европската лига, македонските одбојкари оваа година ги очекува и настапот на Европското првенство кое ќе се одржи во септември.

Поврзани вести