Skip to main content

Без струја утре индустриската зона на булеварот „Борис Трајковски“

Фото: Freepik

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, информира дека утре времено без струја ќе бидат делови од општина Кисела Вода. 

Во периодот од 05:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од индустриската зона на булеварот „Борис Трајковски“ на потегот од Пинтија до Драчево, а во истиот период краткотрајни прекини ќе имаат и корисниците од улиците „Јустинијан Први“, „Драчевска“, „Малешевска“, „Бранко Заревски“, „Антон Димитров“, „Славка Димкова“, „Иван Аџиниколов“, „Сердарот“, „Герника“, „Киро Фетак“, „Ризо Ризов“, „Јанко Мишиќ“, „Живко Фирфор“, „Ратко Митровиќ“, „Речиште“, „Илија Ристовски“, „Корџевска“, „Домазетовска“, „Иван Турѓењев“, „Коперникова“, „Волтерова“ и „Гутенбергова“. 

Поврзани вести