Skip to main content

Шпанскиот тенор Хозе Карерас со македонските музички великани дел од прославата за одбележување на 35 години независност на Македонија

Avalon International Booking најави дека еден од најголемите светски тенори на сите времиња, JOSÉ CARRERAS, ќе настапи во Скопје на 1 септември, на голем музички настан заедно со Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Наум Петрески и Сузана Спасовска, во придружба на Македонската филхармонија!

Настанот ќе се одржи на Плоштад Македонија и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија.

Концертот ќе биде поделен во два музички сегменти: во првиот дел, публиката ќе има можност да проследи специјално осмислен концерт со македонските музички ѕвезди и повеќе од 60 врвни музичари од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, со нови оркестрации и аранжмани подготвени специјално за оваа вечер од маестро Николче Мицевски, додека вториот дел од вечерта му припаѓа на José Carreras и неговиот безвременски светски репертоар, заедно со Македонската филхарминија и предводено од неговиот долгогодишен диригент, David Giménez.

А, во текот на вечерта ќе има и неколку специјални музички спојувања помеѓу овие два света, моменти што оставаме да останат изненадување за публиката.

По спектакуларната најава на David Guetta – Monolith Stadium Show, ова е вториот голем настан кој се организира во рамки на јубилејната програма, овојпат во знакот на класична музика и македонската музичка традиција.

Портпаролот на Владата, Марија Митева денеска со јавноста сподели детали околу одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија, при што најави дека уште една интернационална музичка ѕвезда – шпанскиот оперски тенор, Хозе Карерас.

„Навистина како Влада се подготвуваме за сериозно одбележување, достоинствено одбележување на 35 независност на Република Македонија. По онаа најава за 8 септември, еве денеска можеме да најавиме навистина уште една интернационална музичка ѕвезда, но уште поважно навистина македонски оллстар којшто е денеска присутен и којшто заедно со Хозе Карерас ќе имаат исклучително одличен концерт“, истакна Митева.

Според неа, со ваквиот начин на одбележување на независноста на Македонија, како Влада покажувале дека навистина им е важно и дека навистина сакаат граѓаните да уживаат.

„Достоинствено заедно со музичките великани да покажеме дека Македонија има капацитет и да организира настани за меѓународни ѕвезди, заедно со нашите, јас би кажала најголеми ѕвезди. Мислам дека сите детали околу оваа организација веќе достојно беа презентирани и од организаторот, но и од учесниците. Јас во оваа прилика можам да кажам очекувајте од нас уште многу нови изненадувања, со навистина вклучување на голем број на македонски уметници“, посочи портпаролката Митева.