
Министерот за култура Зоран Љутков денеска ги посети просториите каде треба да биде сметен Националниот џез оркестар.

Во рамки на посетата, министерот изврши увид во активностите за реновирање и уредување на просториите каде што треба да биде сместен оркестарот.

Денеска сум во посета на НУ Џез оркестар на Македонија, поточно на просторот кој многу скоро ќе стане нов дом на оваа институција достоен и за музичарите и за културната сцена во државата.. Станува збор за современ и функционален простор, од околу 500 метри квадратни во кои ќе има голема сала за вежбање на оркестарот која ќе биде поврзана со тонско студио, гардероби, канцеларии и други помошни простории.
Основниот проект за реновирање и уредување на овие простории кај Националната опера и балет е изработен уште во 2023 година од Мегарон-Инженериг..
Првата фаза која е реализирана согласно договорот меѓу Владата, ТАВ Македонија, ТАВ ТЕПЕ АКФЕН и Министерството за култура и туризам и е во вредност од 10 милиони денари веќе е реализирана односно беа изведени најсуштинските работи: целосна инфраструктурна подготовка на просторот, нови инсталации, хидроизолација, преградни ѕидови и сериозни градежно- занатски работи.
Сега во тек е втората фаза, која ќе му го даде конечниот изглед на просторот односно: завршна обработка на подови, акустична обработка и внатрешна столарија и санитарна опрема. За оваа фаза веќе е склучен договор со компанијата „ПМГ Констракшн“ ДООЕЛ Скопје, во вредност од над 7,3 милиони денари, а рокот за реализација е 90 дена од воведување во работа на надзорот.
Мене особено ми е важно што конечно создаваме услови какви што заслужуваат нашите уметници. Џез оркестарот е симбол на врвна музичка енергија, креативност и современ културен израз, и убеден сум дека овој простор ќе стане нов дом на џезот, креативноста и културната енергија во Скопје.
(Националниот џез оркестар како НУ е основан со одлука на Владата во март 2023 година, а на иницијатива на Здружението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ), кое претходно со години функционираше како биг-бенд и активно настапуваше во земјата и странство), рече Љутков.

Македонски


