Skip to main content

Четири македонски млади атлетичари ќе настапат на Европските игри 2026

Првпат македонски атлетичари ќе учествуваат на европски собир на најдобрите пионери од континентот.

Станува збор за Европските атлетски игри 2026 на кои ќе патуваат четири деца од АК Аеродром.

Четирите херои пионери ќе учествуваат на Европските атлетски игри 2026, кои ќе се одржат во Брно (Чешка) и ќе се борат рамо до рамо со најдобрите европски пионери. Ветуваме борба за медали и ќе докажеме дека нашите најдобри претставници ќе ги бранат боите на државата и клубот со цело срце. Радувај се Македонија, објавија од АК Аеродром.

Европските атлетски игри 2026 ќе се одржат во август.