
Европската унија како со сила да работи кај граѓаните од Западниот Балкан уште повеќе да опаѓа интересот за членство. Наместо, Македонија, преговори со ЕУ почнуваат Украина и Молдавија. Да, Украина и Молдавија. Украина која е во војна а Молдавија која не ја контролира во целост ни својата територија.
Еве да ги прашам оние од Брисел, ако некогаш ги примите Украина и Молдавија, иако тоа нема никогаш да се случи, во кои граници ќе ги примите. Дали и Приднестровје ќе влезе во ЕУ или пак Доњецк, Донбас, или пак може и Крим ќе влезе во Унијата. Па уште и онаа Марта Кос ни порача дека дури и да влеземе некогаш во ЕУ 15 години ќе немаме право на вето, поради кое не малтретираат сега Бугарите а пред тоа Грците.ЕУ уште еднаш покажа зошто ја нарекуваат блудницата Вавилонска, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“ која ќе биде објавена утре.

Македонски



