
Србија ќе има тешкотии да напредува на патот кон Европската Унија ако не ја усогласи својата надворешна и безбедносна политика со политиката на ЕУ, вклучително и односите со Русија, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос.
Одговарајќи на прашањето дали Србија може да стане членка на ЕУ без да воведе санкции кон Русија, Кос изјави дека напредокот ќе биде многу тежок ако Белград не се усогласи со стратешките интереси на Унијата.
- Нема да биде можно земја која не се усогласува со нас во однос на стратешките интереси, кои се, секако, надворешната и безбедносната политика, односно заедничката борба против Русија, особено во контекст на руската војна во Украина, да напредува. Ќе биде многу, многу тешко – рече Кос.

Македонски

