
17 јуни не е само ден, јубилеј, прослава, тоа е ДЕН за присетување, паметник кој не се брише од умот на МАКЕДОНСКИОТ ЧОВЕК.
Овој светол ден ги содржи во себе и сите некогаш неисполнети соништа, ДЕН кој во себе носи пораки, аманети, завети, копнежи претворени во радост заради нивно исполнување.
Овој ДЕН го чествуваме и го славиме, денес сите во нашата дарежлива ТАТКОВИНА која никогаш не ги заборава СВОИТЕ.
Истовремено, се радуваме ние, се радуваат ТИЕ на небесните рајски височини, затоа што се среќни и незаборавени од идните поколенија свои, што ги научиле како се сака, се љуби, се почитува, но и се гине, жртвува и саможртвува за честа и слободата за својот род.
На овој ден 17 јуни, ДЕН што има само вечно ИЗГРЕЈСОНЦЕ што никогаш не заоѓа или стемнува.
Овој е ДЕН за кој не важи КАЛЕНДАР и АСТРОНОМИЈА, овој ДЕН е вчера, денес, утре и во век и векови.
Ова е ДЕН кога се отвораат гробовите со епитаф, но и на сите набележани и незнајни вечни почивалишта на верни чеда на најнапатениот но истовремено и најхрабар НАРОД кој го памти човештвото.
Овој е ДЕН каде што темнината која со векови го попречуваше светлиот и топол зрак на СОНЦЕТО што е ДАР ГОСПОДОВ да ни го осветли патот и ни ја стопли душата, мене и на мојот НАРОД. ДЕН кога конечно беше растерана темнината од силниот, храбриот но мудар ПАТРИОТ МАКЕДОНСКИ и беше заменета со СВЕТЛИНА што вечно трае и никогаш повеќе нема да згасне.
Ова е ДЕН кога детскиот жагор, орото, песната, прикаските, фолклорот повторно блеснаа со сета своја светлина, убавина и милост во разурнатите домови и напуштените градини, житни полиња, овошни, разграбани стада, природни убавини што се беа сродиле со МАКЕДОНЕЦОТ кој го чувствувал мирисот, дури и ако сакате вкусот на мајката грутка МАКЕДОНСКА и топлите ЕГЕЈСКИ БРАНОВИ што го милувале и дарувале со своите благодети, а сега прогонети, раселени, обесправени, од нашиот ЕГЕЈ и ПИРИН, насекаде низ светот.
Но, ова е и ДЕН кога сите пак сме заедно, живееме во ист такт, размислуваме со иста МИСЛА, дејствуваме мудро, газиме цврсто, праведно постапуваме, никогаш никој во светот не може да каже дека барем една секунда, од искон до денес, сме биле против било кој човек, заедница или народ.
Ние сме благородна ЛОЗА што нé има засадено ДЕСНИЦАТА на ГОСПОД и нашата мисија на овој свет е: “Никогаш да не ги истакнуваме нашите вредности на штета на други, туку сето што го имаме сакаме да го споделиме со целото цивилизирано човештво.“.
Вредности, вредности, вредности, не знаеше која подобра, посилна, помудра, поупотреблива, пописмена, поблагородна, поглобална во светски димензии од другата.
Од срце без пишманење подарена за сите, за секого и за сé, а за возврат ништо да се побара.
НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ, не сме трговци, ниту џамбази, или брокери, сé што имаме, а му треба на светот бесплатно го делиме, ако нив, останатите корисници на нашето подарено ги прави среќни, ние сме уште посреќни, затоа што МАКЕДОНЕЦОТ знае дека:
ТВОЕ Е САМО ОНА ШТО ЌЕ ГО ПОДАРИШ НА ДРУГИТЕ.
Но, конечно ова е и ДЕН кога на сиот свет им кажавме:
НЕ ДАВАМЕ НИШТО ШТО НАМ НИ ПРИПАЃА. ДОЈДЕТЕ НА НАШИОТ ИЗВОР, НАСЛАДУВАЈТЕ СЕ, НО НЕ ГО ИСУШУВАЈТЕ, ЗАТОА ШТО ТОЈ ПРВО ВАС ЌЕ ВЕ ОСТАВИ ЖЕДНИ ЗАСЕКОГАШ. НАШИОТ ИЗВОР Е НЕПРЕСУШЕН ЗА НАС И САМО ЗА ДОБРОНАМЕРНИТЕ.
Да ни е светол, вечен и исполнет нашиот ДЕН 17 ЈУНИ, ДЕН НА ВОСКРЕСНАТАТА МАКЕДОНИЈА, ДЕН НА СПАСОНОСНИОТ КРСТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ВЕЧНИОТ
В М Р О – Д П М Н Е !

Македонски



