Skip to main content

Јаник Синер смета е невозможно годината да ја заврши како број 1

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ги процени своите шанси да ја заврши годината како играч број еден во светот.

Дваесет и четиригодишниот Синер со 10.500 бодови, е втор на светската ранг-листа. Лидер е Шпанецот Карлос Алкараз, со 11.340 поени.

Невозможно е. Да бидам искрен, не размислувам за тоа во моментов. Тоа е целта за следната година. Оваа сезона, сè е надвор од мои раце. Но, гледајќи ја годината како целина, постигнав неверојатни резултати. Сега само сакам да ја завршам сезоната што е можно подобро. Ако можам да направам нешто извонредно, тоа би било одлично. Ако не, тогаш веќе имав одлична година, рече Синнер на прес-конференција во Париз.

Во сезоната 2025, Италијанецот ги освои Австралија Опен, Вимблдон и турнирите во Пекинг и Виена. Тој исто така стигна до финалето на Ролан Гарос и на УС Опен, губејќи ги двете финалиња од Алкараз

Поврзани вести