Skip to main content

Македонската кошаркарска репрезентација конечно победи

 Кошаркарот на ТФТ, Виктор Ташовски синоќа против Унгарија ја одигра својата најдобра партија во дресот на македонската репрезентација. 

Ташовски е задоволен од играта на мечот со Унгарците, но е убеден до  победа во претквалификациите „црвено-жолтите“ можеа да дојдат и порано.

– Конечно стигнавме до првата победа. Можеби требаше и порано да дојдеме до неа, но мора од некаде да се почне, а тоа се случи денеска. Можеби овој меч резултатски не значеше ништо, но за нас како млада екипа, значи многу. Се надевам дека ќе продолжиме вака и дека ќе стигнеме до големо натпреварување. Одигравме одличен натпревар, покажавме дека овој тим има квалитет кој во иднина може да се надградува, изјави Ташовски по средбата со Унгарците.

Македонската репрезентација ја совлада Унгарија со 82:75 и со една победа и три порази не успеа да се пласира во квалификациската фаза за Светското првенство 2027.

Поврзани вести