Skip to main content

Жорже Жезус официјално нов селектор на Португалија

Instagram / jorgejesus

Искусниот, 71-годишен португалски стратег Жорге Жезус официјално е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Португалија.

Жезус доаѓа на местото на Шпанецот Роберто Мартинез, кој ја напушти селекторската должност по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство против Шпанија.

Жесус зад себе има богата, 36-годишна тренерска кариера, во која ги предводеше Бенфика, Спортинг, Фламенго, Фенербахче, како и саудиските клубови Ал Хилал и Ал Наср.

Во кариерата досега освои 25 трофеи, вклучувајќи три титули во португалското првенство со Бенфика, една во Бразил со Фламенго, како и титули во првенството на Саудиска Арабија со Ал Хилал и Ал Наср.

Поврзани вести