Skip to main content

Репрезентативецот Стефан Ашковски успешно евакуиран од Иран

Македонскиот фудбалер Стефан Ашковски е еден од нашите државјани кои беа евакуирани од Иран по почетокот на воените случувања на Блискиот Исток.

Од Министерство за надворешни работи информираа дека Ашковски преку Турција бил успешно извлечен од Иран. Во овој момент нема официјална потврда дали фудбалерот сè уште се наоѓа во Турција или веќе е вратен во Македонија.

Ашковски е член на иранскиот клуб Мес Рафсанјан, за кој потпиша во јануари годинава.

Поврзани вести