Skip to main content

Oткако се изназеде пари на Роналдо му текна дека Саудиската лига е лоша

Facebook Cristiano Ronaldo

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, ќе проговори за проблемите во Саудиската лига по завршувањето на сезоната.

Португалецот смета дека лигата треба да се натпреварува во  европските натпреварувања, но за тоа, според него потребно е да се надминат проблемите.

– Ќе проговорам на крајот од сезоната бидејќи гледам многу лоши работи. Многу играчи објавуваат поплаки за судиите, лигата и проектот. Мислам дека ова е погрешно и не се совпаѓа со целите на лигата. Треба да поставиме пример не само тука, туку и во Европа ако сакаме да се натпреваруваме со нив за титулата една од најдобрите лиги во светот. Мислам дека треба да го запреме ова, да ја анализираме ситуацијата и да разговараме со раководството на лигата, бидејќи за мене ова веќе не е фудбал, го цитира Роналдо „Рекорд“.

Роналдо е петкратен освојувач на „Златната топка“. Четириесет и едногодишниот Португалец игра за Ал-Наср од 2023 година. Во тој период, тој постигна 120 гола на 137 натпревари. 

Поврзани вести