
Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува последниот натпревар од групата за квалификациите за Светското првенство. Гостуваме кај Велс, а воедно тоа е дуел на две екипи кои се борат за втората позиција во групата.
Никогаш не недостасува мотивација во ваква ситуација. Кога се борите за подобра стартна позиција во плеј-оф, а не за плеј-оф, тоа нуди дополнителна убавина. Верувам дека ќе уживаме во натпреварот. Секогаш морате да бидете дисциплинирани и одговорни, но секогаш тоа не е гаранција за успех. Сепак е добра појдовна точка и јас секогаш преферирам да функционираме како тим и сите се ставаат во функција на селекцијата. Не очекувам поразличен натпревар од првиот во Скопје. Играчите се исти, велшкиот квалитет е неспорен, фудбалерите играат во Премиер лигата и имаат одличен селектор. Стилот на Велс е истиот од претходните натпревари. Мора да се подготвиме максимално и соодветно да реагираме, изјави селекторот Благоја Милевски на прес конференцијата пред дуелот.
Натпреварот воедно е и дуел за втората позиција во групата, а на македонската репрезентација поради подобрата гол-разлика и одговара и нерешен резултат

Македонски








