Skip to main content

Ливерпул ги има најскапите засилувања летово

Ливерпул ги реализира трите најскапи трансфери во летниот преоден рок 2025.

Според „Transfermarkt“, Александар Исак е на првото место (144 милиони евра), Флоријан Вирц е на второто место (125 милиони), а Југо Екитике е на третото место (95 милиони).

Во исто време, Ливерпул стана првиот тим во историјата што платил повеќе од 100 милиони евра за двајца фудбалери во еден преоден рок.

„Црвените“ имаат голем удел во рекордните 3,5 милијарди евра потрошени за трансфери од страна на англиските премиерлигаши.