
Украинската фудбалска федерација објави денеска дека се договорила со Сергеј Ребров за крај на соработката со досегашниот селектор на националниот тим.
Поранешниот прославен украински фудбалер ја предводеше репрезентацијата од јуни 2023 година. Под негово водство, Украина се пласираше Европското првенство во 2024 година, но ја заврши групната фаза како последнопласирана во конкуренција на Белгија, Словачка и Романија.
Во квалификациската група за Светското првенство во 2026 година, Украина заврши втора зад Франција, заедно со Исланд и Азербејџан, а во полуфиналните плејоф натпревари загуби од Шведска со вкупен резултат од 1:3.
Ребров претходно беше тренер на Динамо Киев, Ференцварош, Ал-Ахли и Ал-Аин

Македонски


