Skip to main content
jEtCnyfvSic

Германците се шок по поразот во Лигата на нации

Германскиот играч за врска Леон Горецка го коментираше поразот од Португалија (1:2) во полуфиналето на Лигата на нации.

– Ни недостигаше храброст. Мораме да играме попаметно. Сами си го отежнавме животот, а тоа го прави поразот уште поразочарувачки. Првиот гол требаше да ни даде самодоверба, но не се случи тоа. Многу сакавме да стигнеме до финалето. Болно е кога водиш во полуфинале, а потоа губиш. По голот несфатливо се намали храброста во нашата игра. Ова едноставно не требаше да се случи, изјави Горецка за сајтот на УЕФА.

Во второто полуфинале вечер од 21 часот ќе играат Шпанија и Франција.

Победникот од овој меч ќе биде ривал на Португалија, додека поразенито ќе игра со Германија за трето место

Поврзани вести