
Шпанскиот прволигаш Бетис постигна напредок во разговорите со Манчестер Јунајтед и веќе обезбеди принципиелен договор за враќање во клубот на бразилскиот играч од средниот ред Антони, објави денеска лондонски „Телеграф“.
Шпанскиот клуб сака да потпише перманентен договор со 25-годишниот Бразилец, кој постигна девет голови додаде пет асистенции во 26 натпревари откако му се приклучи на Бетис во јануари.
Антони, исто така, беше клучен играч на Бетис на патот до финалето во Конференциската лига.
Бразилецот дојде во Јунајтед во август 2022 година од Ајакс во трансфер вреден 95 милиони евра.