Skip to main content

Родителите на загинатиот тапанар на ДНК: Ѓорѓи нека свири преку тебе

Тапанот на прерано заминатиот Ѓорѓи Ѓоргиев, членот на ДНК кој загина во дискотеката „Пулс“ во КОчани, доби нов дом.

Неговите родители одлучија музиката на нивниот син да продолжи да живее и тоа преку рацете на уште еден млад и талентиран тапанар, Бојан Трајков од Василево.

Бојан, кој уште од најрана возраст го чувствува ритамот како дел од своето срце, денес доби нешто повеќе од инструмент, доби благослов, доверба и наследство кое зборува со звуци наместо со зборови, пренесува порталот „Струмица денес“.

„Ѓорѓи нека свири преку тебе,“ се зборовите кои мајката на Ѓорѓи му ги упатила на младиот Бојан.

Поврзани вести