Skip to main content

,,Земјотрес 13″, најголемиот фестивал на свежа, домашна и независна музика во МКЦ на први март

На први март, сабота, од 19 часот ќе се одржи 13. издание на „Земјотрес“, најголемиот фестивалл на свежа, домашна и независна музика во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Во тесни улици, градот ми шепоти, И да се опстане е победа (од „Последната Битка“ – ПМГ Колектив/Клан Секулар, текст: Мирко Попов)

Да се биде инди фестивал кој континуирано секоја година го полни МКЦ со најубавата градска младина и покажува дека и покрај сите потреси имаме извонредно добра музичка сцена е победа. Навидум изгледа како не баш голем предизвик, но да живееш овде и да бидеш воден од она убавото во создавањето на уметност/музика без компромиси, е те како победа. И покрај сите градски магли, загадено општество, затворени простори и глави, да продолжиш да твориш и го носиш ветерот на промена која најавува нова пролет, е победа. Победа за сцената, победа за секоја нова генерација која и дава нов звук и надеж, победа за Земјотрес како фестивал на свежа, домашна и независна музика кој веќе 13 години го носи ветрот на оваа вибрантна и многу значајна сцена.Дојдете заедно да победиме по 13 пат!”, порачуваат организаторите.

Настапуваат: AUMD.N.O. Elena Vasova, Fiction Grinsen, L.O.V.D, Lost in Reverie, LV$T,Martina Peneva, Martix, Speysd Svetlost Tsar Von Time Viktor Apo, YÖU,Nema Labavo, Nikartik, OVC Kolektiv, Poetronika, Ruststained

13. издание на „Земјотрес“ е посветено на Мирко Попов, неуморен ветер на промена и еден од основачите и организаторите на Фестивалот, кој почина лани од мозочен удар.

Поврзани вести