Skip to main content

Специјално признание за Жарко Димоски во Уругвај, за гласовна актерска изведба, за главната улога во филмот „Јон Вардар против галаксијата“

Жирито на фестивалот за фантастични филмови Монтевидео Фантастико во Уругвај му додели
Специјално признание за гласовна актерска изведба (Special Jury Mention – Voice Acting) на
актерот Жарко Димоски, за главната улога во филмот „Јон Вардар против галаксијата“.
Во образложението, жирито истакнува дека признанието е доделено поради силата, карактерот и
енергијата на неговата гласовна интерпретација, која се издвојува како еден од клучните
елементи што му даваат препознатлив идентитет на филмот

Ова е уште едно меѓународно признание за „Јон Вардар против Галаксијата“, првиот македонски
долгометражен анимиран филм, кој по светската премиера на фестивалот во Ситгес продолжува
успешно да се прикажува на фестивали ширум светот, освојувајќи награди и признанија.
Филмот е во сценарио и режија на Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски –
Тхе Мичо, продуцент е Алан Кастиљо, а главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија
Мицевска и Дамјан Цветановски

Поврзани вести