
Кинотеката на Македонија со голема чест најавува промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“, која ќе се одржи на 27 февруари 2026 година, со почеток во 19:00 часот во просториите на Кинотеката.
Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика.
Промотори на изданието: д-р Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, со присуство на авторите на изданието.
Настанот ќе биде збогатен со пригодна изложба на избор од македонските филмски плакати.
Локација: Кинотека на Македонија, Скопје
Датум: 27 февруари 2026
Време: 19:00 часот
Публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ е обемно издание кое има за цел да ја претстави и архивира визуелната историја на македонскиот филм низ плакатот како медиум на комуникација и уметнички израз.

Македонски



