
По кратко боледување на 65-годишна возраст почина Коста Јаневски, филмски работник и еден од сопствениците и основачите на радио „Антена 5“, објавија на социјалите медиуми Друштвото на филмски работни на Македонија (ДФРМ).
Јаневски работеше на техничката и програмска реализација на сите домашни и меѓународни музички и културни настани пренесувани на програмата на Антена 5 од Британските музички награди, Ем-Ти-Ви европските музички награди (ЕМА), Зимската музичка конференција во Мајами, Викенд Медиа фестивалот, Егзит, Таксират, Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” и Д Фестивал во Дојран.
Својата кариера како филмски работник ја започнува во осумдесетите години, како монтажер на тон и тон снимател. Во 1985 година работеше како слободен филмски работник во Друштвото на филмски работници на Македонија, а од наредната година работи во продуцентската куќа „Вардар филм”. Во текот на својата кариера учествуваше во реализација на филмски проекти од домашна продукција и странски копродукции, голем број на играни, документарни, краткометражни и долгометражни филмови како „Македонска сага”, „Среќна Нова ‘49”, “„етовирање” и многу други.
Беше член на ДФРМ ја и член на Здружението на тонски сниматели на Македонија.
Погребот ќе биде во вторник во 11 и 30 на Градските Гробишта Бутел во Скопје.

Македонски








