
Од 14 мај, во кината низ земјава (cineplexx, итн) ќе започне да се прикажува францускиот анимиран филм „Малата Амели“ („Little Amelia“), топла и поетична семејна приказна инспирирана од детството на познатата писателка Amélie Nothomb.
Во режија на Maïlys Vallade и Liane-Cho Han Jin Kuang, филмот нè носи во Јапонија низ очите на малата Амели – белгиско девојче кое го открива светот околу себе со помош на својата придружничка Нишио-сан. Низ нежна и емотивна приказна исполнета со детска љубопитност, игра и важни животни сознанија, филмот го следи периодот кога нејзиниот трет роденден станува пресвртница што ќе го обликува нејзиното разбирање на животот и светот.
„Малата Амели“ е визуелно впечатлив анимиран филм кој на суптилен и искрен начин зборува за детството, семејството, културните разлики и магијата на првите спомени. Со богата анимација и емотивен пристап, филмот е наменет за целото семејство и претставува вистинско филмско доживување и за децата и за возрасните.
Филмот е француска продукција, трае 75 минути, а гласовите ги позајмуваат Loïse Charpentier, Victoria Grobois и Yumi Fujimori. „Малата Амели“ е филм што потсетува колку детските моменти можат да бидат мали, а сепак да остават голема трага во животот.

Македонски



