Skip to main content
8_bxWNYtgLw

Анимираните херои од „Авантурите на Финик 2“ повторно се враќаат на големото платно

Анимираните херои од „Авантурите на Финик 2“ повторно се враќаат на големото платно. Дистрибутерската куќа MCF MKD најавува дека синхронизираната анимација „Авантурите на Финик 2“ ќе започне да се прикажува во кината низ земјава од 11 јуни 2026 година.

По успешниот прв дел, новото продолжение носи уште повеќе хумор, акција и возбудливи авантури. Во центарот на приказната повторно е палавиот домашен дух Финик, кој овојпат ненамерно буди древна магија и ја губи својата способност за невидливост, со што ги доведува во опасност сите негови сонародници.

Заедно со својата пријателка Кристина, Финик тргнува на возбудливо патување исполнето со нови предизвици, необични средби и важни лекции за пријателството, довербата и храброста.

Инспирирана од словенската митологија, „Авантурите на Финик 2“ носи модерна и забавна анимирана приказна што претставува идеално летно кино освежување за целото семејство.

Поврзани вести