Skip to main content

„Диџеј Ахмет“ прикажан на Лондонскиот фестивал

Во рамки на Лондонскиот филмски фестивал 2025, во преполната сала на киното Принц Чарлс беше прикажан македонскиот филм „Диџеј Ахмет“, најновото остварување на светски признатиот режисер Георги М. Унковски, информираат од македонската амбасада во Британија.

На проекцијата присуствуваше и амбасадорката Катерина Ставреска, која имаше можност да оствари кус, но инспиративен разговор со режисерот Унковски.

Филмот „Диџеј Ахмет“ претставува маестрално раскажана емотивна приказна за идентитетот, традицијата и самоизразувањето, со повеќе меѓународни признанија, меѓу кои:

Награда од публиката на фестивалот Санденс,

Гран при на Филмскиот фестивал во Херцег Нови,

Награда од публиката на Сараевскиот филмски фестивал,

како и други значајни меѓународни признанија

Поврзани вести