Skip to main content

„Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски синоќа премиерно прикажан на „Санденс“

„Диџеј Ахмет“, првиот долгометражен игран филм на режисерот Георги М. Унковски, вчеравечер ја имаше својата светска премиера на најголемиот фестивал на независен филм во САД, „Санденс“.

Филмот ја отвори главната меѓународна натпреварувачка категорија – „World Dramatic Cinema“ и ќе има вкупно шест проекции. На проекцијата во „Парк сити“, во државата Јута, присуствуваа режисерот Унковски, кинематограферот Наум Доксевски, актерот Ариф Јакуп.

Улогите во филмот ги толкуваат: Ариф Јакуп, Агуш Агушев, Дора Акан Златанова, Аксел Мехмет, Селпин Керим и Атила Клинче.

Снимањето на филмот траеше 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.

Поврзани вести