Skip to main content
„Павилјон“ е копродукција во која учествува и нашата земја, преку „Круг филм“

Агенција за филм: Чест е што македонски филмски професионалци се дел од отворањето на 31-то издание на Сараевскиот фестивал

Голема чест е да се отвори Сараевскиот филмски фестивал. Вечерва со публиката, дури 6.000 луѓе, ги отвораме вратите на „Павилјон“. Ќе видите, тоа е филм што не нуди утеха, туку поставува многу важни и вистински прашања. Нашата желба е по проекцијата да понесете дел од чувствата што ние ги имавме за време на снимањето“, вели режисерот Дино Мустафиќ.

Агенцијата за филм на Македонија со особено задоволство објавува дека „Павилјонот“ е копродукција во која учествува и нашата земја, преку продукциската куќа„Круг филм“, заедно со партнери од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора.

Овој проект е уште една потврда за важноста на регионалната соработка и за активното учество на македонскиот филмски сектор на меѓународната сцена. Чест е што македонски филмски професионалци се дел од отворањето на 31-то издание на Сараевскиот фестивал, со филм кој преку хумор и храброст се осврнува на општествените прашања и личната совест.

Поврзани вести