Skip to main content

УНИБанка АД Скопје и оваа година со силни резултати и стабиленраст!

УНИБанка АД Скопје продолжува со стабилен раст и успешно работење, потврдувајќи ја својата позиција како динамична и доверлива банка на македонскиот пазар. 

И покрај предизвиците на домашната и глобалната економска сцена, Банката успешно ги реализира своите деловни цели и стратешки приоритети. 

Благодарение на внимателно поставената стратегија, професионалниот кадар и одговорниот пристап во работењето, Банката континуирано обезбедува стабилност, доверба и одржлив раст.

Одлуките усвоени на Собранието на акционери се уште една потврда за успешното работење на Банката и за нејзината посветеност кон долгорочен развој, стабилност и грижа за акционерите.

Добивката по оданочување за 2025 година изнесува 492.514.716,00 денари. 

Дел од добивката, во износ од 259.207.035,00 денари е наменет за капитализација и останати резерви, со цел натамошна поддршка и развој на работењето на Банката. Износ од 22.010.712,00 денари е наменет за исплата на камата на имателите на перпетуалните обврзници од Банката.

Истовремено, значаен дел од добивката, во износ од 211.296.969,00 денари, останува на располагање за понатамошна распределба на акционерите, чија исплата би се утврдила на наредно Собрание на акционерите.

Поврзани вести