
УНИБанка со нова понуда за штедење во евра. Изберете рочност која ви одговара и започнете да заработувате од вашите слободни средства. Депозит Фикс во евра со кратки рочности од 3, 6 или 12 месеци и атрактивна каматна стапка до 2,10%.
На овој начин добивате поголема слобода во располагањето со сопствените средства, но и поголема добивка. Оваа можност е поволна за сите оние физички лица кои имаат пасивни средства на своите платежни сметки, а не се решиле да ги вложат во депозити поради долгите рокови за вложување кои ги нудат банките.
Со Депозит Фикс во евра, добивате флексибилност која секој ја посакува. Вложувате на краток рок, а добивате каматна стапка како да штедите на долг период.
Дигитална достапност, растот на депозитот може да се следи преку интернет банкарство или мобилната апликација и да се дополнува електронски во секое време.
Депозит Фикс во евра е одговор и на прашањата кои секогаш си ги поставуваме: како да ја зголемам сигурноста, но и вредноста на моите пари, и како да штедам во евра, а да добијам повисока камата. Со воведувањето на оваа поволност УНИБанка уште еднаш покажа дека ги следи очекувањата и потребите на клиентите и делува во нивен интерес, во чекор со динамиката на современиот начин на живот.
Правилното управување со сопствената заштеда е една од најважните и најодговорните задачи во животот, а изборот каде ќе ги чувате вашите средства треба да биде добро информирана одлука за да бидете сигурни дека тие ќе бидат на сигурно, и не само што нема да ја загубат вредноста, туку ќе носат висок принос.
Промотивната понуда трае до 20.07.2026 г.
Со Депозит Фикс во евра штедите без комплицирање и без неизвесност. Само сигурна добивка!
Комерцијална објава

Македонски



