Skip to main content

Уапсен возач на „ауди а6“ кој дивеел во полициска станица со другарите

Вчеравечер во 22:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода Н.М.(27) од
с.Синичане, тетовско.

При сообраќајна контрола на регионалниот пат Тетово – Гостивар, во близина на с.Долно Палчиште, полициски службеници запреле патничко возило „ауди а6“ со тетовски регистарски ознаки, при што возачот одбил да ги приложи на увид бараните документи, по што бил приведен во Полициското одделение Камењане каде што физички нападнал полициски службеник. Во исто време, полициски службеници ги привеле и неговите сопатници С.С.(28) и А.А.(35), двајцата од с.Голема Речица, затоа што не постапиле по наредби издадени од полициските службеници и не дале
документи на увид, соопштија од СВР Тетово, од каде додаваат дека тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани вести