Skip to main content

Две жени добиле смртни закани од партнерите

Само завчера се регистрирани две смртни закани кон жени во Тетово.

Вчера во 10:30 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Гостивар, со престој во Тетово, пријавила дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер М.Д.(50) од Крива Паланка, во повеќе наврати упатувал закани по нејзиниот живот, а на 18.05.2026 во периодот од 21:00 до 23:00 часот преку мобилна апликација испратил повеќе гласовни пораки со закани.

Во 13:30 часот во СВР Тетово, 66-годишна жена од Тетово пријавила дека на 18.05.2026 околу 20:00 часот во семејниот
дом, нејзиниот сопруг Ј.Д.(73) ѝ упатил закани со нож.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите.

Поврзани вести