Skip to main content

Која професија ви е запишана во ѕвездите

Овен
Овните се енергични, амбициозни и неустрашливи, па најдобро функционираат во динамични средини каде што можат да водат и да иницираат промени. Нивната потреба за акција ги прави одлични во професии каде брзината и одлучноста се клучни.

Совршени професии: политичар, медиумска личност, претприемач, професионален авантурист.

Бик
Биковите бараат стабилност, сигурност и ред, и најдобро се снаоѓаат во организирани системи со јасна структура. Нивната упорност и практичност им носат успех во долгорочни и одговорни професии.

Совршени професии: адвокат, медицинска сестра или техничар, воспитувач, PR специјалист.

Близнаци
Близнаците се комуникативни, љубопитни и брзо се адаптираат на нови ситуации. Најмногу уживаат во работи што вклучуваат учење, движење и контакт со луѓе.

Совршени професии: новинар, патописец, актер, медиумска личност.

Рак
Раковите се емпатични, грижливи и интуитивни, па најдобро се пронаоѓаат во професии каде можат да помагаат на другите. Нивната емоционална интелигенција создава чувство на сигурност и доверба.

Совршени професии: психолог, адвокат, пекар, океанограф.

Лав
Лавовите се природни лидери со силна харизма и самодоверба. Најмногу блескаат во позиции каде се видливи и имаат влијание.

Совршени професии: уредник, актер, директор, менаџер.

Девица
Девиците се аналитични, прецизни и перфекционисти. Одлични се во професии што бараат внимание на детали и систематичен пристап.

Совршени професии: преведувач, уредник, детектив/истражувач, статистичар.

Вага
Вагите се дипломатични и социјални, и најдобро функционираат во улоги каде посредуваат и создаваат рамнотежа. Нивната правичност е нивна најсилна страна.

Совршени професии: медијатор, адвокат, дипломат, социјален работник.

Шкорпија
Шкорпиите се интензивни, фокусирани и истражувачки ориентирани. Најдобро се снаоѓаат во области каде е потребна длабинска анализа и истрага.

Совршени работи: истражител, научник, хирург, шпион.

Стрелец
Стрелците се авантуристи и филозофи кои постојано бараат нови знаења и искуства. Најмногу им одговараат професии што нудат слобода и движење.

Совршени работи: тренер, преведувач, PR специјалист, теолог.

Јарец
Јарците се дисциплинирани, амбициозни и фокусирани на резултати. Најдобро се развиваат во кариери што бараат одговорност и долгорочно планирање.

Совршени професии: менаџер, економист, инженер, банкар

Водолија
Водолиите се визионери и иноватори кои сакаат неконвенционални решенија. Најдобро работат во средини што поттикнуваат креативност и слобода.

Совршени професии: научник, пронаоѓач, уметник, астроном.

Риби
Рибите се чувствителни, креативни и интуитивни. Најмногу се пронаоѓаат во професии што комбинираат уметност и помагање на другите.

Совршени професии: психолог, филантроп, ветеринар, уметник.

Поврзани вести